Маркус Рашфорд изјави дека неговата одлука да се приклучи на Астон Вила на позајмица од Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната била „лесна“ бидејќи напаѓачот се восхитува на стилот на игра на тимот од Бирмингем и амбициите на менаџерот Унаи Емери.
Доколку Рашфорд го импресионира Шпанецот, Вила ќе може да ги откупи неговите права на лето за 40 милиони фунти. Во меѓувреме, The Sun открива дека на Рашфорд му било кажано дека никогаш повеќе нема да игра за Манчестер Јунајтед додека менаџер на тимот е Рубен Аморим.
„Сакам да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што ја овозможија оваа позајмица. Имав доволно среќа да ми пријдат неколку клубови, но одлуката да одам во Астон Вила беше лесна бидејќи навистина се восхитувам на начинот на кој играше тимот оваа сезона и амбициите на менаџерот. Сакам само да играм фудбал и едвај чекам да почнам. На сите во Манчестер Јунајтед им посакувам се најдобро во остатокот од сезоната“, напиша Рашфорд на својот Инстаграм профил.