В петок продолжува судењето против Љупчо Палевски за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

од Илинка Илиоска
166 прегледи

Во Кривичниот суд в петок продолжува судењето против Љупчо Палевски, обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Сведокот Гоце Трајковски, кој беше во потрага по Вања и собирал снимки од околните објекти, се очекува да сведочи.

Вчера продолжи процесот со презентирање на материјални докази, вклучително фотографија од безживотното тело на Жежовски, кој беше пронајден мртов на 3 декември 2023 година.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски нагласи дека исказите на обвинетите се совпаднале со доказите, вклучувајќи видео снимки од местото на злосторството. Тајните записници кај Палевски се испитуваат, а Коцевски вели дека ќе се анализира како обвинетиот дошол до тие информации.

Слични содржини