Герасимовски додели 10 илјади денари на Валентино Атанасоски за бронзениот медал на Јуниорската олимпијада

од Nikola Popovski
14 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со Валентино Атанасоски, ученик во деветто одделение од ООУ „Кочо Рацин” кој ја претставуваше општината и државата на 21 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Букурешт – Романија кадешто освои бронзен медал.

„Честитки за нашиот Валентино кој освои бронзен медал. За неговиот успех и посветеност, му доделивме финансиски средства во висина од 10.000 денари. Валентино Атанасоски е пример за сите млади, но и за нас возрасните, дека љубовта кон науката, истрајноста и трудот носат признанија секаде во светот. Силна поддршка за нашиот ученик стипендист, нека продолжи да го промовира Центар и Македонија во светски рамки”, изјави Герасимовски.

Слични содржини