Видео од пукањето во Шведска, застрелани најмалку 5 лица

од Milan1
70 прегледи

Најмалку пет лица се повредени во пукотница што се случила во училиште во шведскиот град Оребро рано денеска. Неофицијално, медиумите наведуваат дека напаѓачот се застрелал, но се уште нема вести дали им подлегнал на повредите.

Инцидентот се случил пред 13 часот по локално време, а властите ги повикале жителите да се држат подалеку од училиштето.

– Слушнавме неколку истрели од надвор. „Не можеме да излеземе, опасно е“, вели лицето кое останало заробено во училиштето.

Од граѓаните било побарано да се држат подалеку од областа или да останат во своите домови.

Полицијата накратко извести дека учениците во неколку училишта во областа биле затворени поради „закани за смртоносно насилство“.

„Извештаите за насилство во Оребро се многу сериозни. Полицијата е на местото на пукањето и операцијата е во полн ек. Владата е во близок контакт со полицијата и внимателно го следи развојот на настаните“, изјави министерот за правда Гунар Штромер за шведската новинска агенција ТТ.

„Асошиетед прес“ соопшти дека училиштето било центар за образование за возрасни.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се слуша како напаѓачот пука од автоматско оружје.

 

Слични содржини