Меџити ќе учествува на „Молитвениот појадок“ организиран од Трамп

од Nikola Popovski
50 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити отпатува за Соединетите Американски Држави за да учествува на традиционалниот настан “Молитвениот појадок”, кој се организира под покровителство на Претседателот на САД, Доналд Трамп.

-Ова е еден од најважните настани во годината во Вашингтон, каде што присуствуваат политички лидери, претставници на меѓународни институции и влијателни личности од целиот свет. Присуството на Меџити на овој настан е дел од неговите честите посети во САД, што потврдува неговата посветеност за зајакнување на односите со најважниот стратешки партнер на Северна Македонија, велат од партијата Демократско движење.

Меџити беше присутен и на церемонијата за инаугурација на Трамп, што, според неговата партија, го направи еден од високите официјални лица од регионот што ги следеше најновите случувања во американската политика.

-Неговата посета во Вашингтон за “Молитвениот појадок” се очекува да биде искористена и за средби со претставници на американската администрација и членови на Конгресот, со цел зајакнување на соработката помеѓу двете земји во различни области, информираат од Демократско движење.

Слични содржини