ДСЗИ не утврдил недостатоци во лекувањето на детето од Лабуништа

од Nikola Popovski
25 прегледи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското одделение во Општата болница Струга, по смртта на четиригодишното дете од Лабуништа.

Според соопштението на ДСЗИ, при инспекцискиот надзор во установата било констатирано дека станува збор за дете со потешка форма на церебрална парализа, кое покрај тоа што било чест пациент на Детското одделение, било лекувано и на Клиниката за детски болести Скопје, како и надвор од државата.

„Во врска со последната здравствена состојба која завршила со фатален исход, детето во ЈЗУ ОБ Струга било донесено на ден 30 јануари годинава, кога му е поставена дијагноза J20-акутен бронхитис. Веднаш му е ординирана интравенски антибиотска терапија и инхалација со NaC и отворена му е историја на болест за престој во дневна болница. При престојот во дневната болница на 1 февруари, нотирано е дека и после ординираната терапија, кај детето нема подобрување. Направени му се РТГ на бели дробови и лабораториски анализи“ – стои во информацијата на ДСЗИ.

Слични содржини