Кина воведува царини од 15 проценти на некои производи од САД

од Milan1
30 прегледи

Неколку минути по стапуавњето на сила на американските царини од 10 проценти на кинескиот увоз, Пекинг возврати со одмазнички контрамерки, без да го чека за неделава најавениот разговор со Трамп. Кина воведува царини од 15 проценти за американскот јаглен и течен природен гас, како и 10% за сирова нафта, земјоделска опрема и дел од автомобилите. Мерката ќе почна да се применува на 10 февруари, која веќе опфаќа и антимонополска истрага на „Гугл“.

-Би сакал да нагласам дека нема да има победник во трговската војна. Се надеваме дека САД ќе ги разгледаат сoпствените проблеми, ќе ги реши и ќе најде одговор. Toa e корисно не само за нив, туку и за целиот регион, изјави Фу Конг, амбасадор на Кина во ОН.

Дека нема да има победник во трговската војна сметаат и дел од американските експерти, кои велат дека искуствата со Кина покажале дека американската економија била ранлива.

Слични содржини