15
Повеќе од 20.000 американски федерални вработени, приближно еден процент од владината работна сила, ја прифатиле понудата да ги напуштат своите работни места во замена за продолжување на платата до крајот на септември, изјави денеска извор за Ројтерс.
Кон крајот на минатиот месец, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп понуди финансиски стимулации за два милиони цивилни федерални работници со полно работно време да се откажат како дел од плановите за драстично намалување на големината на владата.
Тие имаат рок до сабота да одлучат дали ќе ја прифатат понудата на администрацијата, пренесува Ројтерс.