По нападот што се случи во вторник напладне во шведското училиште Рисбергска во областа на градот Оребро, при што загинаа 11 лица, меѓу кои и сторителот, додека уште најмалку шест беа повредени, локалните медиуми почнаа да откриваат детали за убиецот.
Да потсетиме, 35-годишен маж пукал со автоматско оружје во училиште за возрасни кое на сите без формално образование им понуди можност за продолжување на образованието и преквалификација. Иако во блискиот кампус има и училишта за деца, никој од нив не е повреден.
There’s been a school shooting in Sweeden now. Apparently, this is leaked footage from the scene. pic.twitter.com/vlhFNipdOs
— Mark Jeavons (@mark_jeavo85962) February 4, 2025
Полицијата извршила претрес во станот на насилникот во потрага по мотив за нападот кој се уште е нејасен, барајќи и докази за можни помагачи.
– Немаме точна бројка на повредени, но потврдено е дека загинале 11 лица. Бројот на жртви би можел да се зголеми – изјави портпаролот на полицијата Габриел Хенинг за таблоидот Афтонбладет.
Шестмина од повредените се пренесени во локалната Универзитетска болница поради прострелни рани. На четворица од нив итна операција. Пет од шесте лица примени во болница имале прострелни рани.
„Афтонбладет“ разговараше со роднините на напаѓачот, за кои властите претходно потврдија дека немале претходни осуди или дека биле познати на полицијата. Велат дека имал дозвола за оружје и пред осум години ненадејно го сменил презимето, но неговите роднини не знаат зошто. Тој е опишан како „волк осамен“ кој се одвоил од семејството и пријателите.
– Не сме имале многу контакти со него во последните години. Како дете бил различен, но жив. Тој беше добар во училиште. Последниве неколку години му било тешко бидејќи не работел – им рекол роднината.
Таткото на 35-годишникот за Афтонбладет изјавил дека е „невозможно“ неговиот син да учествувал во нападот, објаснувајќи дека „не знае ништо за тоа“, ниту дека полицијата го пребарала неговиот стан.
– Тоа е многу вознемирувачко, што се случи? – ги прашал таткото на осомничениот.
Весникот Expressen, исто така, објави слично за напаѓачот, опишувајќи го како „самец“ кој имал дозвола за оружје и живеел сам во Оребро. Во моментот на нападот бил облечен во зелена облека, велат, додека покрај телото било пронајдено оружје.
Полицијата соопшти дека на социјалните мрежи се шират лажни наративи за пукањето, истакнувајќи дека според досегашните информации нема податоци што би укажувале дека сторителот дејствувал од идеолошки причини.
Тие ги повикаа граѓаните да не шират непроверени информации и изјавија дека не добиле дојава дека ќе се случи напад. Случајот се води како обид за убиство, подметнување пожар и тешко кривично дело извршено со оружје, па затоа не се смета за обид за терористички напад.
За самите жртви не се знае ништо, бидејќи полицијата на прес-конференцијата не сакаше да даде никакви лични податоци