Напад од украински дронови: Пожар во складиште за нафта во Русија

од Илинка Илиоска
16 прегледи

Напад од украински беспилотни летала денеска предизвика пожар во складиште за нафта во руската област Краснодар, соопштија локалните власти.

Наведено е дека делови од уништениот дрон предизвикале пожар во Новоминскаја, поради што биле ангажирани 55 пожарникари.

Локалните власти соопштија дека нема повредени во нападот и дека во магацинот има „незначителни остатоци од нафтени деривати“, пренесува Ројтерс.

Слични содржини