„Авантурите на Пинокио“ – волшебна 3D бајка во МОБ во режија на Дејан Пројковски

од Aneta Risteska
10 прегледи

Во „Македонската опера и балет“ на 15 март љубителите на театарот ќе имаат можност да уживаат во неочекувано искуство каде што реалноста и магијата се спојуваат во едно – претставата „Авантурите на Пинокио“.

Режирана од Дејан Пројковски, оваа 3D бајка ќе биде прикажана во две изведби – во 12 и 14 часот. Публиката ќе биде сведок на возбудливо патување низ светот на Пинокио, каде лагите имаат долги носеви, но љубовта и храброста водат кон вистината.

Претставата ветува незаборавна магија, смеа и вредни животни лекции – не ја пропуштајте!

Слични содржини