📸G-Power Mercedes-AMG GT R Pro

од Vladimir Zorba
2 прегледи

G-Power во својата богата понуда има пакети и за Mercedes-AMG GT R Pro, кој може да има до 800 КС и 900 Nm вртежен момент.

Стандардниот Mercedes-AMG GT R Pro доаѓа со 585 КС и 700 Nm вртежен момент, колку што има 4.0-литарскиот би-турбо V8 мотор.

G-Power нуди и неколку пакети со помала моќност. Достапен е пакет кој ја зголемува моќноста до 700 КС и 850 Nm, како и пакет од 680 и 800 Nm.

Покрај зголемувањето на моќноста, новиот издувен систем, аеро додатоците и новите тркала, клиентите можат да изберат и други елементи од гамата на G-Power: нов волан од карбонски влакна, комплет патосници од велур и внатрешност со врвна кожа достапна во различни нијанси.

Што се однесува до цената, пакетот од 800 КС во Германија чини 44.786 евра.

Слични содржини