Компаниите можат да бараат назад 50 милиони евра од државата: Што значи ова за идните економски мерки?

од Илинка Илиоска
515 прегледи

Државата се соочи со финансиски обврски од 50 милиони евра, откако 156 компании веќе ги уплатија овие средства во Буџетот врз основа на Законот за солидарен данок, кој Уставниот суд го поништи. Судот донесе одлука со убедливо мнозинство од 5:1, нагласувајќи дека законот претставува повреда на правната сигурност, ретроактивност и селективна солидарност.

„Закони со ретроактивно дејство не смеат да се применуваат, бидејќи тие го загрозуваат владеењето на правото. Компаниите мора да имаат предвидливост за нивните даночни обврски и не смее да се менуваат правилата на игра во текот на процесот. Овој преседан испраќа негативна порака за деловниот амбиент и можноста државата да воведе непланирани даноци“, истакна претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Компаниите кои ги уплатија средствата сега имаат рок од пет години да поднесат барање за нивно враќање. Покрај тоа, им стои на располагање опцијата да бараат и камати, бидејќи повеќе од една година не можеле да располагаат со тие средства.

Иако Владата не достави мислење до Уставниот суд за време на постапката, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе ја почитува судската одлука и најави кратење на расходите или ребаланс на Буџетот за да се обезбедат средствата.

Законот за солидарен данок беше усвоен во септември 2023 година, но со неговото укинување, државата се наоѓа пред нов финансиски предизвик.

Слични содржини