(ВИДЕО) Шокантна сцена во Охрид: Гол маж џогира по кејот

од Илинка Илиоска
0 прегледи

Гол маж, како од мајка роден, денес го искористил сончевото време за да џогира низ Охрид, шокирајќи ги граѓаните на кејот и во централниот дел на градот. Според сведоштвата споделени на Интернет, човекот трчал по кејот и продолжил до плажите, без никој да го спречи.

Видео снимки од ова необично случување се појавија на социјалните мрежи, прикажувајќи го како се движи низ градот, додека минувачите гледаат со изненадување, а некои му упатуваат навреди. Сè уште не е познат идентитетот на лицето, ниту дали полицијата реагирала.

Слични содржини