Царините на Трамп влијаат на пазарот: Банката на Англија нуди злато со попуст на Лондонската берза

од Илинка Илиоска
100 прегледи

Банката на Англија (БОЕ) тргува на поширокиот пазар со златото од својата трезор со попуст од повеќе од 4 фунти (4,8 евра) за унца под цената на лондонската берза, а за овие златни прачки има голем интерес, објави денеска Блумберг.

Трговците ширум светот брзаат да се снабдат со злато пред потенцијалното воведување царини што го најави американскиот претседател Доналд Трамп, иако тој конкретно не ги таргетираше благородните метали, но дилерите се загрижени дека тие би можеле да бидат вклучени во општите царини што тој ги закани Цената на златото денеска се зголеми на 2.864,99 долари за унца.

Додека трговците се тркаат со времето, растечките редици го прават златото во трезорот на Банката на Англија помалку привлечно од златото во поприфатливите комерцијални трезори низ Лондон, забележува Блумберг.

BOE поседува повеќе од 400.000 златни прачки, вредни над 450 милијарди долари по тековни цени, кои главно ги чува во име на други централни банки, но и за неколку водечки трговци со споменатиот благороден метал.

Тоа е само дел од повеќе од 8.000 тони злато складирани во Лондон, но голем дел од него е во сопственост на трустови и други инвеститори кои можеби нема да сакаат да го продадат.

Глобалната побарувачка за злато ги собори сите рекорди минатата година, поттикната од големите набавки од централните банки и зголемувањето на инвестициите во овој благороден метал, се вели во извештајот објавен денеска од Светскиот совет за злато, пренесува Си-Ен-Ен.

Минатата година вкупниот обем на трговија со злато изнесувал 4.974 тони, што е зголемување во однос на 4.899 тони во 2023 година, пренесува Танјуг.

Слични содржини