Лос Анџелес Лејкерс составуваат сериозен тим. Откако го доведоа Лука Дончиќ од Далас, склучија договор со Шарлот кој ќе им донесе засилување на центарската позиција во форма на Марк Вилијамс.
Неколку дена откако го запрепастија кошаркарскиот свет со потписот на Лука Дончиќ, Лејкерси повторно беа активни на пазарот.
Франшизата од Лос Анџелес најде замена за Ентони Дејвис во младиот Марк Вилијамс, кој претходните три сезони го носеше дресот на Шарлот Хорнетс.
Како што објави добро информираниот новинар Шамс Шаранија, Лејкерси одлучија да ги разменат Далтон Нехт, Кам Редиш и два пика од драфтот во 2030 и 2031 година.
Just In: The Los Angeles Lakers are trading Dalton Knecht, Cam Reddish, a 2031 unprotected first-round pick and a 2030 pick swap to the Charlotte Hornets for center Mark Williams, sources tell ESPN. pic.twitter.com/QGUwETssGd
— Shams Charania (@ShamsCharania) February 6, 2025
Лејкерси веќе беа „тенки“ под кошот уште пред да го испратат Ентони Дејвис во Далас во замена за Дончиќ.
Се очекува Вилијамс да ја пополни таа празнина и да даде нова длабочина во играта на тимот од Лос Анџелес.
Младиот центар во декември наполни 23 години. Тој имаше просек од 16 поени и 9,8 скока со 60 забивања во последните 22 настапи за Хорнетс.
Тој е класичен центар, дипломец на познатиот колеџ Дјук, по што беше избран за 15-ти пик во првата рунда од Шарлот на драфтот во 2022 година.