РФМ: Темелковски не е починат

од Milan1
29 прегледи

Ракометната федерација се огласи откако во јавноста се појави вест за смртта на Илија Темелковски. Од РФМ претходно изразија сочувство за неговата смрт, но сега се огласија со нова објава на социјалните мрежи со која информираат дека Темелковски не е починат.

-Во врска со информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен. Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави, велат во новата објава од РФМ.

-Почина Иле Темелковски – човек кој го посвети сиот свој работен век на ракометот, ракометната и спортската јавност изгубија вреден спортски работник, кој беше силно и неуморно посветен кон ракометот. Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски, беше наведено во првата објава од РФМ која е отстранета од официјалниот Фејсбук профил на федерацијата.

Слични содржини