Сестрата на Фросина Кулакова, Росица до медиумите: Не го објавувајте видеото, снимено веднаш по несреќата, сакаат Васо да го очовечат

од Milan1
338 прегледи

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина , во објава на Фејсбук, вели дека адвокатот на 20-годишниот Васил Јованов, кој ја прегази 22-годишната девојка на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје, возејќи со огромна брзина, пијан и без возачка дозвола, Сашо Дукоски утре ќе прикаже видео како Васо вришти по несреќата. Ова е со цел да се изманипулира јавноста тврди таа и апелира до медиумите да не го објават видеото.

„Добивме дојава дека адвокатот на Васил, Сашо Дукоски, на утрешната пресконференција има во план да прикаже видео во кое Васо вришти над мртвото тело на мојата сестра! Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…“, пишува Росица Кулакова во објавата.

Слични содржини