Само во вторникот се регистрирани 1.300 земјотреси. Најсилниот земјотрес е регистриран синоќа и со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Експертите предупредуваат дека постои ризик од лизгање на земјиштето на Санторини, кој се зголемува со зголемување на сеизмичката активност и е прогласена вонредна состојба, пренесува Катимерини.
Во меѓувреме, Израел се подготвува за можно цунами поради земјотресите во Санторини, пишува Тајмс оф Израел.
Заменик-шефот на израелскиот Совет за национална безбедност, наводно, одржал итен состанок со владините агенции за да го процени нивото на закана.
Според плановите, предвидена е заштита на критичната инфраструктура и се подготвуваат рути за евакуација. Доколку не се случи цунами, Израел се подготвува да ѝ помогне на Грција и меѓународните мисии за помош.