Уметноста застанува, борбата продолжува: Театарите во Србија во седумдневен штрајк во знак на поддршка на студентите

од Илинка Илиоска
11 прегледи

 Од понедленик во Србија почнува седумдневен штрајк на актерите во театрите кои изразија целосна солидарност со студентите и безусловна поддршка на сите нивни барања, јавија српските медиуми.

Во заедничко соопштение тие наведуваат дека тоа се случува првпат во историјата на српските театри, прифаќајќи го повикот на судентите да се борат за работа на институциите и одговорен однос кон сосптевајта дејност.

„Свесни сме дека со децении сме сведоци на колапс на сите, вклучително и културните, институции на ова општество…Театарот е жив само кога е дел од заедницата. Затоа, ја напуштаме сцената и им се придружуваме на оние кои бараат промени. Театарот е место на вистината, слободата и емпатијата, а веќе со месеци вистината, слободата и емпатијата стојат во блокадите на факултетите и протестите низ Србија“, пишуваат во заедничкото соопштение.

„Учениците не потсетија на нашата одговорност и не поттикнаа да се самоорганизираме за во рамките на нашите професии и институциите во кои работиме, да почнеме активно да учествуваме во создавањето на подобро општество“.

„Нивната борба за правда, безбедност, право на слободно изразување и достоинствен живот е борба на сите нас. Даваме апсолутна поддршка на сите граѓани кои веруваат дека оваа земја може да биде посреќно и поправедно место. „Знаеме дека нашата публика е меѓу нив“.

Слични содржини