Јаневска: Заканите за бомби биле испратени на приватни, а не на службените мејлови

од Nikola Popovski
118 прегледи

По лажните дојави за бомби во училиштата, МОН формира меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и преземање на мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти. Министерката Весна Јаневска појасни дека направени се проверки во сите училишта, а потоа учениците се вратени на настава. Жали што некои лица си поигруваат со децата и ја вознемируваат јавноста.

-Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат службените електронски адреси кои се креирани од МОН. Општините под чија надлежност се училиштата, исто така имаат свои обврски. Препорачуваме секаде согласно можностите да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео-надзор. Безбедноста на децата е на прво место, рече Јаневска на прес-конференција.

-Преземени се сите мерки, додаде таа.

Министерката информира дека заканите за бомби биле испратени на приватни мејлови кои не треба повеќе да ги користат, а не на службените мејлови на училиштата. Се работи на откривање на лицата кои ги испраќаат дојавите за експлозивни направи. Јаневска вели дека е во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и со службите.

Слични содржини