Новата сезона во Формула 1 ќе започне со трка во Австралија на 16-ти март и ќе биде првата што ќе има 24 трки. Сезоната ќе заврши на 7 декември во Абу Даби.
Титулата ја брани Макс Верстапен, кој со Ред Бул освои четири светски шампионски титули. Холанѓанецот е исто така најплатен возач во Формула 1 болидот.
Во сезоната 2025, Верстапен ќе заработи 65 милиони долари.
А како изгледаат платите на другите возачи?
Втор најплатен возач е новиот член на Ферари, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, со плата од 60 милиони. Неговиот соиграч Шарл Леклер ќе заработи речиси половина – 34 милиони.
Фернандо Алонсо во Астон Мартин и Ландо Норис во Мекларен заработуваат по 20 милиони долари, додека Џорџ Расел заработува 15 милиони долари во Мерцедес.
Карлос Саинц во Вилијамс и Пјер Гасли во Алпин ќе заработат по десет милиони оваа сезона. Вилијамс му плаќа на Алекс Албон два милиони помалку, а Нико Хулкенберг (Заубер) и Естебан Окон (Хаас) ќе добијат по седум милиони.
Оскар Пјастри ќе земе шест милиони во Мекларен, Ленс Строл половина од тоа во Астон Мартин.
Габриел Бортолето (Заубер), Јуки Цунода (Рејсинг Булс) и Кими Антонели (Мерцедес) ќе заработат по два милиони, додека Оливер Берман (Хаас) и Лиам Лосон (Ред Бул) по еден милион.
Сума од половина милион и милион долари ги чека Џек Дуан (Алпин) и Исак Хајар (Рејсинг Булс).