Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје

од Илинка Илиоска
16 прегледи

Во Скопје денеска ќе се реализира првиот уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“. Како што информира организаторот „Кој е следен?“, ќе се собираат сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура.

Целта е, како што наведува организаторот, да има обединување со пошироката и стручна јавност и да се испрати недвосмислена порака дека „безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност“.

– Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и движиме секојдневно, додава организаторот на настанот.

Слични содржини