Скопјанец пронајден починат во валандовско

од Milan1
74 прегледи

СВР Струмица соопшти дека вчера во 12:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во семејна куќа во село Удово, валандовско, бил пронајден починат А.А.(48) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Според информацијата од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини