Роберто Де Зерби откри зошто Марсеј се откажал од обидите да го ангажира Пол Погба во јануари. Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед е слободен играч откако во ноември го напушти Јувентус по заедничка согласност.
„Никој не може да го промени балансот во соблекувалната – никој нема да го дестабилизира додека сум менаџер“, рече Де Зерби.
Французинот останува auт од фудбалот поради прекршување на допинг правилата, но е слободен да се врати на натпреварувачката активност следниот месец, откако Судот за спортска арбитража ја намали неговата четиригодишна забрана на 18 месеци.
„Погба е навистина одличен играч, но треба да разбереме каде би можеле да го искористиме откако ќе биде достапен за игра, во каква улога и на која позиција. Колку повеќе шампиони имаме, толку ќе бидам посреќен. Тоа беше општа проценка и можеби ќе се промени, но засега одлуката (да не потпишеме со Погба во јануари) е донесена од многу причини“, додаде стручњакот.
Се чинеше дека враќањето во татковината е на дневен ред, откако Де Зерби изрази интерес да го доведе Погба во Марсеј, инсистирајќи дека тој ќе „се обиде да направи простор“ за играчот од средниот ред. Сепак, Олимпик потпиша договор со Исмаил Бенасер од Милан.