Зошто Кендрик Ламар не беше платен за неговиот настап на полувремето во Супербол?

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Кендрик Ламар настапи на шоуто на полувремето на Супербол. Ова не беше негово прво појавување во Супербол, бидејќи на сцената се појави со Др. Дре и Снуп Дог во 2022 година, но сега тој беше главната ѕвезда.

Раперот пред настапот изјави дека со нетрпение очекува да го донесе хип-хопот во НФЛ шампионатот. Најавувајќи го својот настап на Суперболот во 2025 година, Ламар минатиот септември рече: „Рап музиката сè уште е највлијателниот жанр до ден-денес. И јас ќе бидам таму да го потсетам светот зошто. Тие го избраа вистинскиот“.

НФЛ во минатото изјави дека не им плаќа на изведувачите за нивните настапи на полувремето, туку само ги покрива трошоците за продукцијата.

Имено, Apple Music плаќа 50 милиони долари на NFL секоја година за спонзорирање на шоуто на полувремето, а вклучените уметници добиваат приближно 15 милиони долари, кои ги трошат на нивната продукција.

Тие пари се трошат на хонорарни работници, кои вклучуваат сценографи, обезбедување, танчери и маркетинг, но не ги покриваат платите на пејачите.

Изведувачите сè уште избираат да настапуваат бесплатно бидејќи гледаат други придобивки што доаѓаат од настапот. Форбс објави дека Ашер забележал огромен пораст од 550 проценти во стриминг на Spotify по неговиот настап минатата година, додека стримовите на Ријана се зголемиле за 640 проценти по нејзиниот настап во 2023 година.

Слични содржини