Не е се во парите: Ferrari стави крај на несоодветните желби на купувачите на автомобили!

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Мора да го заштитиме наследството од ерозијата на краткотрајните трендови – вели шефот за дизајн на Ferrari, Флавио Манцони. Иако Ферари остварува голем профит по автомобил што го произведува, најмногу благодарение на специјално прилагодените автомобили кои клиентите можат да ги нарачаат врз основа на нивните желби, беше одлучено да се стави крај на ексцесите.

Ferrari отсекогаш нудел одреден степен на персонализација преку својата ексклузивна програма Tailor Made, но неодамнешните екстравагантни барања го принудија италијанскиот производител да ги ограничи или целосно да ги запре желбите на некои клиенти. Позлатените ентериери, неонските светла и другите екстремни дизајнерски елементи почнаа да го загрозуваат наследството и престижот на брендот, тврдат многумина во компанијата.

Со новите насоки, Ferrari ќе биде значително порестриктивен. Меѓу новите правила се дека модификациите мора да бидат во согласност со дизајнерската филозофија на Ferrari и да не го нарушуваат естетскиот идентитет на моделот. Модификациите кои не го почитуваат наследството на Ferrari или класичните дизајнерски елементи на марката ќе бидат отфрлени, а промените кои на кој било начин би можеле да влијаат на перформансите или безбедноста нема да бидат одобрени.

Одлуката предизвика реакции, позитивни и негативни. Многу ентузијастички сопственици на Ferrari ги поздравуваат новите упатства, велејќи дека тие ја штитат ексклузивноста на марката. Други, главно оние кои сакаат автомобил кој се истакнува по секоја цена, го гледаат како ограничување на нивната креативна слобода.

Слични содржини