(ВИДЕО) Уапсен градоначалникот на Тирана Ерион Велиај

од Milan1
40 прегледи

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска е уапсен по налог на Специјалното јавно обвинителство, јавуваат албанските медиуми.

Специјалното обвинителство за Велиај водеше истраги за повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, корупција, непријавување имот и перење пари.

Исто така, претставници на Националното биро за истраги извршија неколку претреси во деловните простории на сопругата на Велиај, Ајола Ксоса и неговиот брат Арби Велиај.

Слични содржини