21
Драмските ансамбли од белградските театри, како и ансамблите од Нови Сад, Сомбор и Зрењанин стапуваат во седумдневен штрајк и нема да изведуваат претстави, како поддршка на барањата на студентите, јавија српските медиуми.
Нема да се играат претатви и во Народниот театар во Белград, Ателје 212, Белградскиот драмски театар, театарот Бошко Буха, Малиот театар Душко Радовиќ, театарот Теразие и Југословенскиот драмски театар.
Запирање на претставите најавија и Српскиот народен театар, Младинскиот театар, поголемиот дел од колективот Новосадски театар/Újvidéki Színház, како и Националниот театар Сомбор и театарот „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин.
„За првпат во историјата на српските театри се одлучуваме да ја преземеме оваа акција, прифаќајќи го повикот на студентите да се борат за работата на институциите и одговорен однос кон сопствените активности, свесни дека со децении сме сведоци на колапс на сите, вклучително и културните, институции на ова општество. Студентите е не потсетија на нашата одговорност и не поттикнаа да се самоорганизираме за во рамките на нашите професии и институциите во кои работиме да почнеме активно да учествуваме во создавањето на подобро општество“, велат од драмските ансамбли.
Исто така, актерските ансамбли најавија протестна прошетка за утре, 11 февруари.