Членовите на ракометниот клуб Алкалоид кои настапија за македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет беа пречекани од Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов.
На средбата Мукаетов им честиташе на ракометарите и на стручниот штаб за одличното претставување на Македонија на светската ракометна сцена, за нивното професионално однесување и за постигнатите резултати на првенството.
Мукаетов ја нагласи и важноста на нивното учество како дел од националната репрезентација и нивниот придонес како членови на клубот. По тој повод им додели благодарници и им посака уште поголеми успеси во иднина.
РК Алкалоид на СП 2025 го претставуваа ракометарите: Марко Кизиќ, Иван Галевски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Александар Петковски, Никола Маркоски, Валентин Карасманакис и Марко Стојковиќ.
Во стручниот штаб на националниот тим беа: селекторот Кирил Лазаров, помошникот Билјана Црвенкоска, кондицискиот тренер Петар Баснарков и физиотерапевтот Тоше Трајковски.