Изложбата „Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија“ ќе биде поставена во Кавадарци

од Aneta Risteska
5 прегледи

Во Музеј – Галерија Кавадарци на 14 февруари, во 19 часот, ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба со наслов „Боите на Св. Трифун низ сликите на ликовните уметници од Македонија“. На изложбата учествуваат 39 ликовни уметници од Македонија.

На групната изложба уметниците ќе се претстават со по две новосоздадени дела и ќе бидат изложени 76 сликарски дела и шест скулптури. Делата се изработени со најразлична техника, како масло на платно, акрил, цртеж на хартија, комбинирана техника, скулптура итн.

Дел од имињата на учесниците на изложбата се Стефан Хаџи-Николов, Решат Амети, Милан Андов, Трајче Чатмов, Синиша Кашавелски, Микица Трујкановиќ, Горјан Ѓорѓиев, Владимир Темков, Касиопеја Наумовска, Томе Мишев и други.

Музеј – Галерија Кавадарци изложбата ја реализира во соработка со Министерството за култура и туризам, Градоначалник и Совет на Општина Кавадарци во чест на верскиот празник Св. Трифун.

Слични содржини