23
Вчера била пријавена кражба во автобус на ЈСП откако скопјанец украл мобилен телефон од патничка. Според полицијата, во 13:20 часот ,на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(51) од Скопје.
Приведен е поради сомнение дека претходно во автобус на ЈСП, од 46-годишна жена од Скопје одзел мобилен телефон.
-По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, истакнаа од МВР.