Се огласи одново Ана Јованова, мајката на Васил кој ја прегази Фросина: Во овој момент сме премногу истоштени од сите случувања

од Milan1
1,1K прегледи

-По вчерашната објавена најава за гостувањето на адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов, тој нѐ извести дека го откажува неговиот јавен настап. „По барање од родителите бидејќи сметаат дека е доволно кажано на прес-конференција“, ни рече адвокатот, соопшти Новинарот Кристијан Ландов водител во поткастот „Претрес“.

– Истовремено, должни сме да Ве известиме дека покането беше и семејството на Васил, по бурните реакции на јавноста поради тврдењето дека Васил Јованов е променет по пресудата за дрогата, иако сепак, пак возел пијан и без возачка. Се заблагодарија на укажаната можност и ја одбија поканата.

„Во овој момент сме премногу истоштени од сите случувања на кои сведочите периодов, така што искрено немаме сила и енергија за појавување во јавност и дополнително распламтување на ниски страсти и гнев наоколу, барем во овој момент“, нѐ извести мајката Ана Јованова, напиша Ландов на социјалните мрежи.

Слични содржини