Фудбалер на Реал Мадрид се соочува со 5 години затвор: Во вторникот играше против Сити, сега го чека пекол…

од Nikola Popovski
48 прегледи

Фудбалерот на Реал Мадрид, Раул Асенсио (21), кој одигра цели 90 минути против Манчестер Сити во вторникот вечерта, се соочува со судење за случајот со детска порнографија.

Според шпанските и англиските медиуми, дефанзивецот е обвинет дека дистрибуирал слики и видеа од малолетнички, а судењето ќе се одржи на Канарските острови. Тројца поранешни играчи на резервниот тим на Реал Мадрид се вклучени во случајот и тврдат дека ја снимиле содржината.

Од друга страна, Асенсио не се смета за одговорен за снимањето на сликите, но имал пристап до нив и наводно ги препраќал на други луѓе. Се тврди дека играчите инволвирани во случајот лажеле кога им кажале на девојките дека содржината е избришана.

Асенсио побара да биде изземен од судењето, но судот го одби неговото барање, а доколку биде прогласен за виновен за дистрибуција на детска порнографија, може да биде осуден на затворска казна и до максимални пет години.

Да потсетиме, тројца поранешни играчи на Реал, Феран Руиз (21), Хуан Родригез (22) и Андрес Гарсија (21), беа уапсени во септември 2023 година, а Асенсио беше повикан да сведочи како сведок. По разговорот со полицијата, Асенсио стана дел од истрагата.

Слични содржини