Зошто Бијонсе го крие својот син Сер (7) од јавноста?

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Бијонсе и Џеј Зи имаат три деца: 13-годишната Блу Ајви и 7-годишните близнаци Руми и Сер. Девојките, особено Блу ​​Ајви, често се изложени на јавноста, за разлика од нивниот брат кој никогаш не се фотографирал со семејството, а јавноста го видела само на фотографии.

Многумина на социјалните мрежи се прашуваа која е причината, особено откако Џеј Зи беше фотографиран на Супербол со своите две ќерки.

„Што му е на момчето?“, „Зошто никогаш не го покажуваат својот син во јавност?“, се прашуваа корисниците на социјалните мрежи, а некои дури и се пошегуваа.

Мајката на Бијонсе, Тина Ноулс еднаш зборуваше за малиот Сер. „Тој е многу резервиран. Тој сака се што е поврзано со бројки. Не сака мода и е многу, многу паметен”, изјави таа за Е!. Откри и дека тој не се појавува со своите родители во јавноста бидејќи не го интересираат големи настани каде има многу луѓе.

„Девојките би можеле да владеат со светот, а тој е многу опуштен, исто како и неговиот татко“, додаде таа.

Многумина веруваат и дека Бијонсе и Џеј Зи не сакаат да ги разоткријат близнаците за да ги заштитат од негативни коментари.

Но, од друга страна, нивната најстара ќерка често присуствува на големи настани со родителите. Во декември минатата година таа се појави на премиерата на филмот Mufasa: The Lion King, а после тоа многумина се запрашаа за нејзината возраст. Мислеле дека девојката поради фустанот и шминката изгледа постаро отколку што навистина е. „Сè уште е дете, но облечена е како возрасна“, „Изгледа како да има 19 години“, напишаа тие.

Бијонсе неодамна во интервју за GQ изјави дека не сака нејзината ќерка да биде во јавниот бизнис како неа. Сепак, попуштила бидејќи, како што вели, видела дека Блу Ајви тоа го сака.

„Една работа на која работев навистина напорно беше да се погрижам моите деца да имаат што е можно поголема приватност и нормален живот. Не сакав нашиот живот да се претвори во бренд. Направив извонреден напор да останам доследна на моите граници и да се заштитам себеси и моето семејство. Ниту една сума пари не вреди за мојот душевен мир“, рекла таа.

Слични содржини