Колку брзо возат Германците на делови од автопатите без ограничување на брзината?! Резултатите се изненадувачки…

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Често се мисли дека деловите од патиштата без ограничување на брзината во Германија се место за авантуристи, кои ја притискаат педалата за гас „до даска“ и во комбинација на возбуда и нервоза, брзаат, брзаат… Но, тоа не е баш така. Автомобилите на делови од автопатиштата без постојани ограничувања на брзината возат со просечна брзина од 113,5 km/h. Овие податоци ги објави Институтот за германска економија (IW) во Келн. Ги собрал со помош на автоматски мерни станици во Северна Рајна-Вестфалија. Во IW велат дека голем број автомобили се забележани како возат околу 130 km/h, очигледно на темпомат.

За потребите на студијата, речиси 1,9 милијарди патнички автомобили што поминале покрај мерните места беа следени во текот на четирите месеци од летото 2024 година. 83 отсто од нив возеле побавно од 130 км/ч, уште десет отсто меѓу 130 и 140 км/ч. Само околу еден процент возел побрзо од 160 km/h. Сообраќајот бил само малку побрз за време на викендите отколку во работните денови. Дури и во сончеви денови, со голема видливост, повеќето автомобили возеле меѓу 100 и 130 km/h.

– Дискусијата за еднообразно ограничување на брзината е претерана. Има многу поголеми проблеми во транспортниот сектор, па затоа политичарите мора итно да одговорат на инфраструктурната криза – заклучи транспортниот економист IW – Томас Пулс.

Во споредба со две претходни слични студии, брзината е намалена. Во 2021 година автомобилите сè уште возеле со просечни 116,5 км/ч, во 2022 година 115,2 км/ч. Како причина се наведува поскапувањето на горивото.

Студијата на IW, исто така, остава многу простор за дискусија за општото ограничување на брзината. Ако различните брзини на различни возила би биле подобро координирани, сообраќајот би можел да тече подобро и да троши помалку енергија при сопирање и движење.

Слични содржини