Научниците во Кина пронајдоа фосил од птица стар 150 милиони години

од Milan1
22 прегледи

Во југоисточна Кина, научниците открија фосил на птица со големина на препелица која живеела пред околу 150 милиони години за време на периодот Јура, објавија денеска кинеските медиуми, наведувајќи дека овој древен вид птици поседувал изненадувачки модерни карактеристики.

Новоидентификуваната птица, наречена Baminornis Zhenghensis, била долга околу 15 сантиметри, анатомски многу понапредна и подобар летач од Archeopteryx, претходно откриен фосил од периодот Јура, животно со големина на врана, со анатомски карактеристики на птици и влекачи, пренесува „Ројтерс“.

Баминорнис имал скратена опашка како модерните птици, важна аеродинамична иновација која помага да се придвижи центарот на масата на телото напред кон крилјата, според студијата објавена во списанието „Nature“.

„Птиците еволуирале од мали диносауруси со пердуви. Врз основа на новото откритие, гледаме дека првите птици се појавиле пред 172-164 милиони години, милиони години порано отколку што се верувало“, вели палеонтологот Мин Ванг од Институтот за палеонтологија на ‘рбетници и палеоантропологија на Кинеската академија на науките.

Слични содржини