Ново обвинение против Кевин Спејси за сексуален напад

од Nikola Popovski
19 прегледи

Актерот Кевин Спејси повторно се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување, овој пат од неговиот британски колега, Рори Кенон. Во изминатите години, четворица мажи претходно упатија обвинувања против него. Случајот беше изнесен пред Високиот суд во Лондон во средата.

Кенон тужеше и две организации каде Спејси беше креативен директор од 2003 до 2015 година. Според адвокатската фирма Филдфишер, правната постапка официјално била започната пред Високиот суд во Лондон на 13 февруари 2025 година.

Спејси, кој се соочува со уште една тужба за сексуално злоставување во Лондон, не одговорил на молбата за коментар, пренесува Ројтерс.

Овие обвиненија доаѓаат откако Спејси во 2023 година беше ослободен од обвиненијата за повеќекратни напади што против него ги поднесоа четворица мажи. Сепак, последната тужба дополнително го комплицира неговиот правен случај.

Американскиот актер е познат по неговата работа во филмската и телевизиската индустрија, но и театарот. Во текот на својата кариера има освоено бројни награди, меѓу кои два Оскари, две награди Оливие, Златен глобус, наградите БАФТА и Тони. Во 2015 година му беше доделена титулата Витез командант од Редот на Британската империја.

Меѓу неговите најпознати улоги се оние во филмовите „Американска убавина“, „Враќањето на Супермен“, „Седум“, „Дежурни виновници“ и серијата „Куќа од карти“. Како режисер работеше на филмовите „Албино алигатор“ и „Зад морето“.

Слични содржини