Македонски Концепт со цврста поддршка за усвојување на нов македонски грб

од Nikola Popovski
127 прегледи

Партијата Македонски Концепт дава цврста поддршка на иницијативата за усвојување на нов македонски грб – автентичен симбол што ќе го одразува вистинскиот македонски идентитет. Велат дека ова е прашање на национален интерес, достојно за независна и суверена држава каква што е Македонија.

Според партијата, грбот не е само украс – тој е политичка и историска порака.

-Време е Македонија да добие симбол што го отсликува нејзиниот идентитет, без компромиси и без остатоци од минати идеолошки влијанија. Ни треба грб на Македонија, а не грб на социјализмот, капитализмот, комунизмот, монархизмоти или било кое друго идеолошко движење.

Македонски Концепт повикува на обединување околу оваа иницијатива. Ова не е партиско, туку државно прашање. Да ја изградиме Македонија како модерна, самоуверена и горда држава што ги почитува своите корени и гради стабилна иднина, порачаа од партијата која е дел од владеачката коалиција.

Слични содржини