Герасимовски: Секојдневно се соочуваме со неисчистен смет особено околу преполните контејнери

од Nikola Popovski
12 прегледи

„Секојдневно се соочуваме со неисчистен смет, особено околу преполните контејнери, што претставува проблем во сите скопски општини. Иако контејнерите се под надлежност на Град Скопје и Јавното Комунално Претпријатие, решивме да не префрламе одговорности, туку да преземеме конкретни чекори. Нашите служби изминативе недели самостојно отстранија отпад од многу локации, и покрај тоа што тоа не е под наша ингеренција,” изјави градоначалникот Горан Герасимовски за МТВ1.

Тој додаде дека општината се соочува со слична ситуација на Кале, Крњево и уште неколку населби, каде што сметот не беше подигнат, па општинските служби повторно интервенирале.

„Нашите екипи се постојано на терен и ги решаваат проблемите, иако немаме механизација за подигнување на контејнерите, бидејќи тоа е надлежност на Град Скопје. Како општина располагаме со 120 хигиеничари, цистерна за миење улици и специјализирани возила за чистење на јавните површини, но не и механизација за подигнување на смет од контејнерите.”

Герасимовски нагласи дека ова е проблем во сите скопски општини, но Општина Центар изминативе недели самостојно презема активности за да обезбеди чиста и уредна средина за граѓаните.

„Овој проблем бара поголема координација и поддршка од сите институции за да најдеме трајно решение”, додаде Герасимовски.

Слични содржини