Со манипулација на броилото за струја, ги оштетил ЕВН за над 260 илјади денари

од Nikola Popovski
122 прегледи

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.Р. сопственик на угостителски објект од Струга поради кражба на електрична енергија.

„На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија“, велат од МВР во дневниот полициски билтен.

На тој начин, лицето ги оштетило ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари.

Слични содржини