43
– На 12.02.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје, Ѓ.С.(34) од Скопје пријавил дека на 11.02.2025 околу 13:00 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што еден од нив се обидел да го нападне и со остар предмет, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.