„Пукна“ љубовта меѓу Канје и Бјанка

од Nikola Popovski
251 прегледи

Канје Вест и Бјанка Ценсори не се сродни души или барем така мислат засега… Како што пренесуваат странските медиуми, парот кој често носеше скандали на црвениот тепих повеќе не е заедно.

Откако предизвикаа скандал на Греми наградите, Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат. Според пишувањата на „DailyMail“, Канје и Бјанка наводно се пред развод само 11 дена откако девојката се појави гола на црвениот тепих на наградите Греми.

Како што се дознава, изворот потврдил дека двојката се разделува и дека во тек е правната постапка за развод, што треба да се случи во наредните денови. Се верува дека тие усно се договориле дека таа ќе добие исплата од 5 милиони долари по нивниот краток брак, кој започна во декември 2022 година.

Засега 30-годишната Ценсори ќе престојува во нивната куќа вредна 35 милиони долари во Беверли Парк Норт во Лос Анџелес, но не се знае каде ќе живее раперот.

Некои веруваат дека би можел да се врати во Токио, каде што помина голем дел од минатата година живеејќи во хотел. Сепак, добро е познато дека Јапонците неодамна му свртеа грб.

Слични содржини