„Kлексан“ ќе може да се земе со рецепт во аптеките

од Nikola Popovski
39 прегледи

Првиот човек на Фондот за здравство, Сашо Клековски најави дека отсега лексот„клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките.

„Прв приоритет ни е префрлањето на антикоагулансите, особено „клексан“, кој веќе е на болничката листа. Наместо пациентите да чекаат рефундација, ќе можат директно да го подигнат на рецепт. Очекуваме штом Комисијата почне со работа и правилниците бидат усогласени, оваа промена да стане реалност“, кажа Клековски.

Додаде дека лековите кои се на позитивната листа треба да бидат достапни по пониска цена, со цел субвенциите да имаат реален ефект.

„Позитивната листа претставува форма на субвенција за одредени лекови. Сметаме дека кога државата веќе ги субвенционира, треба да имаме право да преговараме за нивната цена, а не да ја прифаќаме автоматски големопродажната цена. Забележавме дека со претходното зголемување на позитивната листа сите производители ги користеа максималните дозволени цени“, рече Клековски на прес-конференција, на која исто така беше соопштено дека осудениците, кои моментално издржуваат затворска казна ќе се стекнат со право на здравствено осигурување.

Од 16 септември лани, граѓаните од аптеките бесплатно ги земат новите девет лекови со кои беше проширена поитивната листа, по дури десет години од последното ажурирање, кога беше збогатена со само еден лек. На листата беа додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.

Потрошувачката на „клексан“ се зголеми за време на пандемијата со коронавирус поради тоа што овој лек почна да се употребува и кај дел од пациентите со Ковид-19, кај кои што се појавуваа проблеми со крвта.

Слични содржини