Кај 20-годишно момче од Скопје, полицијата пронајде автоматска пушка

од Milan1
54 прегледи

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 23.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот каде што престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка, две рамки и 30 куршуми, информираат од МВР.

Слични содржини