Хејли Бибер сподели фотографии со Џастин за време на романтична вечер: Многумина веруваат дека крие проблеми во бракот

од Vladimir Zorba
47 прегледи

По многубројните извештаи за можен развод, Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли споделија фотографии на кои се гледа како заедно поминуваат романтична вечер на Денот на вљубените.

Хејли на својот Инстаграм профил сподели серија фотографии од прославата, а на неколку од нив позира со Џастин. Судејќи по фотографиите, Хејли и Џастин уживале во романтична вечера која била подготвена само за нив двајца.

Објавата на Хејли наиде на голем број позитивни реакции кај нејзините следбеници и обожаватели, кои во коментар напишаа: „Вие сте најслаткиот пар досега“, „Каде се тие што велеа дека се разведувате сега?“, „Ова е мојот омилен пар“.

Сепак, имаше и такви во коментарите кои тврдеа дека Хејли само се преправала дека е среќна за да го „прикрие фактот дека се разведува и има проблеми во бракот“.

За потсетување, Џастин Бибер неодамна поттикна шпекулации за можен развод со Хејли, откако остави коментар на објавата на Инстаграм на актерката и пејачка Кеке Палмер. Овој негов потег предизвика нова бура од шпекулации за неговата врска со Хејли. Дополнително, некои забележаа дека Џастин повеќе не ја следи сопругата на Инстаграм, што дополнително ги подгреа сомнежите за можен развод.

Џастин Бибер имаше неколку загрижувачки појавувања во јавноста во последните денови, а уште едно дојде кога на улица се појави без кошула и во бањарка.

Слични содржини