Меџити: Косово наше, ти ја честитам од срце оваа значајна годишнина

од Nikola Popovski
50 прегледи

Заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, упати честитка по повод 17 февруари, Денот на независноста на Косово, изразувајќи длабока почит кон истрајноста и жртвата на косовскиот народ во нивната борба за слобода и сувереност.

„Косово наше, ти ја честитам од срце оваа значајна годишнина! Во овој историски ден за Косово, се сеќаваме на жртвите, отпорот и гордоста на народот кој никогаш не застана на својот пат кон слободата и независноста. Среќен нека ни биде овој голем ден за нашиот народ, со љубов и почит кон нашите браќа и сестри каде и да се!” – истакна Меџити во својата порака.

Тој додаде дека Косово претставува симбол на непокорноста и стремежот кон достоинствена иднина, додека посака единство и напредок за сите Албанци во регионот.

Поранешната српска покраина денеска е независна држава, иако се уште е предмет на спор и дискусии со Србија. Имено, Белград и до ден-денешен не ја признава независноста на Косово.

Точниот број на земји кои ја признаа независноста на Косово се уште е под знак прашалник. Според пресметката на косовското Министерство за надворешни работи, Косово досега го призна 117-та земја, а последен на листата по три години без нови признавања е Израел. Косово воспостави дипломатски односи со Израел на почетокот на февруари минатата година врз основа на договорот што во Вашингтон го потпиша косовскиот премиер Авдула Хоти.

Поинаква е пресметката на Белград за бројот на признавања на Косово. Без да ја наведе точната бројка, Србија смета дека Косово го признале нешто помалку од сто земји.

Слични содржини