54
Жител на Дебар синоќа во Охрид бил фатен во обид да украде велосипед, информираа од Охридската полиција. Како што се појаснува, полициски службеници го затекнале во моментот на кражба пред зграда.
-Синоќа во 20 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Охрид го лишија од слобода Ш.Р.(38) од Дебар. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед пред влез во зграда на истата улица, истакнаа од СВР Охрид.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против 38-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.