САД и Русија се договорија да формираат тимови кои ќе работат на прекин на огнот во Украина

од Milan1
25 прегледи

Американскиот државен секретар Марко Рубио, американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот претставник на американскиот претседател за Блискиот исток Стив Виткоф денеска преговараа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот претседателски советник Јуриј Ушаков за ставање крај на војната во Украина.

Состанокот се одржа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, а делегациите се договорија да формираат тимови за преговори за прекин на огнот меѓу Украина и Русија и дека прекинот на огнот ќе биде одржлив и прифатлив за двете страни, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Договорено е и формирање „консултативен механизам“ кој ќе се занимава со нормализација на дипломатските односи.

„Една средба не е доволна за воспоставување траен мир. „Мораме да преземеме акција и денеска направивме важен чекор напред“, се додава во соопштението.

Слични содржини