Ford: Електричен автомобил со два полначи одеднаш?!

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Концептот е опишан во неодамнешната патентна пријава објавена од Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO).

Патентот покажува поставување со двојни порти за полнење, од кои секоја ќе биде одговорна за полнење на дел од батеријата од еден извор на енергија. Така, идејата е батериите да се полнат од два извора/излезни одеднаш, пишува „ХАК“.

Некои електрични возила веќе имаат двоен приклучок. Porsche Taycan и Audi E-Tron GT имаат порти за наизменична струја од двете страни, со приклучок за брзо полнење со еднонасочна струја, исто така, на десната страна.

Но, ова е само за погодност; не можете да ги користите двете порти истовремено.
Mercedes-Benz CLA ќе има и двојни приклучоци – еден J1772, за AC и еден NACS, за DC – за да им даде на возачите поголема флексибилност.

Концептот на Ford би бил малку поинаков, доколку влезе во производство. Само треба да се прилагодат полначите, а тоа не е лесно.

Слични содржини